Прва страница
КолуМММни
МММојот избор
КоМММентар
Балкански вести
Clubbing
Интервјуа
Концерти
ММMp3
МММр3 надежи
АлбуMMMи
Фото-галерија
Видео-галерија
Изведувачи
Топ 7
MMM's workshop
МММ ммс
Линкови
KоМММентари
Архива
iMMMpressum
МММаркетинг
Стар сајт
Контакт
ФоруМММ
E-MMMail листа
Внесете e-mail aдресa зa дa бидете известувани за новостите на МММ.com.mk
Анкета
Што задолжително треба да поседува секоја идна голема ѕвезда?
Совршен вокал
Харизматичност
Убавина
Да ја сака камерата, микрофонот и новинарите
Помина времето на големи ѕвезди
Постари статии
MMMојот избор
Димитар Божиков
МММојот избор
Боби Серафимовски
МММојот избор
Александар Митевски
МММојот избор
Моето второ ЈАС: ДНК
DJ Вани
Јаков Дренковски
Арбен Шаќири
Златко Ориѓански
Александар Белов
Марко Маринковиќ – Слаткаристика
 
 
Bookmark and Share
Концерти

Ламбе, 28. XI ’09.

Зрел концерт на хуманитарецот Ламбе

Срамежливото момче од Љубојно, Ламбе Алабаковски, коe пред пет години публиката го избра за нов музички идол, на својот прв солистички концерт во Универзална сала се претстави како комплетен и зрел музичар – објави Дневник.

Ламбе порасна - беше најчестиот коментар што можеше да се слушне од задоволната публика кога излегуваше од салата по два и полчасовната свирка.

Концертот, кој почна по половина час доцнење, предизвика нервоза кај насобраната публика пред салата. Но, брзо се се заборави кога Ламбе се појави на сцената и ја испеа Лесно не ми е, со која симболично порача дека се наоѓа пред голем тест кај публиката.

Добро се сеќавам на оваа иста сцена, кога пред пет години победив зашто вие ме избравте. Во овие години поминав убави моменти, многу концерти, манифестации, создадовме многу песни. Но, имав и многу тешки моменти кои ги пребродив поради вас. Вечерва не ми е лесно, ама подобро ми е кога ве имам вас - им порача Ламбе на присутните.

Дека публиката е желна за концерт на Ламбе покажа минатогодишниот концерт на неговата колешка Елена Ристеска, кога присутните одлично реагираа на неговиот настап. По блокот брзи песни како Кажано е се,Спаси ме, на сцената се појавија првите гости - Јован Јованов и Тони Зен кои заедно со Ламбе ја испеаја Итно ми требаш ти.



На оваа песна мораше да реагира обезбедувањето, бидејќи повеќе дечиња се качија на сцената за да ги поздрават, па се создаде хаос. Ламбе дури и го повика обезбедувањето подобро да си ја врши работата, но децата и тинејџерите до крајот на концертот никој не можеше да ги спречи да не го бакнуваат Ламбе. А тој одвои време за секое од нив и им порача дека тие се причината поради која тој е најсреќен. Оваа вечер беше резервирана само за забава, бидејќи ретки беа тие кои седеа на своите столчиња. Во публиката најмногубројни беа тинејџерките и малите дечиња кои заедно со Ламбе ја пееја секоја негова песна.

Блокот балади почна со Каде песно моја, а големо изненадување за публиката беше кога на сцената се појави композиторот на оваа нумера - Славе Димитров, кој запеа со Ламбе.

Потоа на сцената се појави дуото Некст тајм, кое со двете песни Кога лажеш каде гледаш и Ме остави сам покажа дека е подготвено за нивниот концерт кој го најавија за крајот на декември.

Најемотивниот момент на целиот концерт беше изведбата на Ех да можам, а интерпретацијата која како да излезе од длабочината на неговото срце, предизвика морници кај публиката.

 Ех, само кога би можел да те вратам, ама знам дека ме гледаш од некаде - изјави Ламбе посветувајќи и ја песната на својата мајка.

Како последни гости на сцената се појавија Елена Ристеска и Врчак. Елена, во секси издание, ја испеа новата песна Доста, а Дарко Димитров со Ламбе ја исполни Врати ми го срцето.

Бендот кој го придружуваше Ламбе направи неговите песни одлично да звучат во живо, а тој ги поздрави како бендот кој го поддржуваше најдобриот - Тоше Проески. Ламбе се покажа како одличен домаќин, пејач кој знае како да комуницира со публиката и да ја направи среќна. Но, пред се' покажа дека е зрел и опуштен пејач кој одлично пее во живо и е подготвен за уште многу предизвици. На концертот што го организира продукција М2, поддршка му дадоа многу познати личности, меѓу кои министрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Дивна Пешиќ, Васил Зафирчев, музичарите Калиопи, Гоце Арнаудов, Влатко Лозановски.

Парите од влезниците ќе бидат донирани за обнова на манастирот Свети Јован Бигорски.

Преземено од Дневник



Датум: 29.11.2009.


Ваш коментар
Сите полиња се задолжителни!
Од:
Коментар: 
Внесете код: ASP CAPTCHA Generator



tt --- 24.08.2010 03:07:25
napred Lambe :)
anna --- 27.05.2010 19:00:47
Najubav koncert Lambe. I LOVE YOU
Aleksandra --- 06.04.2010 17:32:25
Gde mogu d nadjem snimak koncerta???? Lambeeee <3
antonela --- 10.02.2010 17:48:55
lambe koncertot bese top sakam te mwa <3 najubav koncert
ketty --- 18.01.2010 17:46:33
naj ubav koncert lambe <33
Tamarrah --- 10.12.2009 18:12:22
Auu najjak koncert :))) milo mi e shto bev :)))
anny --- 07.12.2009 08:03:43
koncerto bese top samo taka prodolzi.....lambe <3
Monika --- 01.12.2009 02:13:03
Koncertot bese top - mn dobro ispadna duri i podobr od sto mislev super si pominav!!!

Фото-галерија

Мартин Србиноски

MMМusic player

Texte alternatif


ПрепорачуваМММе
МММојот избор
Гостин во рубриката МММојот избор оваа недела е Панчо, или DJ Шорти, најмногу познат како половина од познатиот дует ДНК. Неговиот избор, и неговите коментари се всушност она по што последниве години е познат
Ева: Приказни од рајот (8)
Може да продолжиме со новиот циклус на дружби, но овојпат без никакви правила, без зацртани форми, заедно ги поставуваме - заедно ги кршиме, спонтани и стварни едни пред други. За што сте гладни?
Нови албуМММи

МММp3-ка на неделата
СиМММни сега - Free!!!
Видео

Калиопи - Не сум како ти

Ф.И.С.Т. - Да ве чујам сега јако

Next Time - Убава

Тони Зен - Okey

Балкански вести
По долга пауза
Со наслов То што видиш, то и јесте, на музичкиот пазар во Србија конечно се најде новиот албум на култниот рок-состав Електрични оргазам
Конечно!
Десетте песни чиј автор е фронтменот на Галија - Ненад Милосављевиќ (текстовите се на неговиот брат Предраг), се изборија за својот влез на албумот Место поред прозора
Најава за нов албум
Единствен проблем, заради кој може да дојде до поместување на термините, е постојана ангажираност на Бајага & Инструктори
25 спота на едно место
Радост за фановите
Хит во Босна
По повеќе од 20 години
Интернационален проект во формирање
Анкета
Петок, на пладне
Ексклузивно
 

Најнови МММp3

 Заборави се
 Ѓорѓи Крстевски
 ОХРИД ФЕСТ 2010
 Црвено сонце
 Магдалена и Врчак
 Осамен
 Кико
 Да ве чујам сега јако
 F.I.S.T.
 100% funkyhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Александар Митевски rmx
 Не ми глуми невинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Дарко Иливески
 Полна месечинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 DJ Вани

 Вљубен сумhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Мартин Србиновски

 Тој што нема гревhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Биба Додева
 

Настани
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Средства без цел, знаење без цена
На 7-ми и 8-ми септември
Постари вести
Ексклузивно!!!
Омилената дестинација на скопјаните
Ново видео
Охрид-фест 2010, финале
Во скопската населба Аеродром
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Деби албум
Охрид-фест 2010
Културното лето Карпош 2010
На Детската улица во Ново Лисиче
Ексклузивно!!!
Достапно на YouTube
Поп-вечер на Охрид-фест 2010
Copyright©2003-2010 by Equinox СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ