Посетителите на годинешниот Exit фестивал во Нови Сад, севкупната организација на фестивалот ја оценија со 4,1, што претставува ниво на повеќегодишниот просек – соопшти агенцијата ТИМ од Нови Сад, која сите четири дена ги анкетираше посетителите.
Ланското издание на Exit ја доби оценката 4,2, и тоа е до сега највисоката оценка која во својата 11-годишна историја ја доби фестивалот.
Во испитувањето вкупно беа вклучени 1.400 посетители, а беа в предвид сите логистички аспекти на фестивалот – чистота, понуда за храна, пијалоци и безбедност, чии оценки беа во подем.
Посетителите кои прв пат го посетија Exit даваа подобри оценки од оние кои на фестивалот беа повеќе пати, додека странските посетители традиционално и овој пат даваа подобри оценки во споредба со домашните гости, кои значително даваа полоши оценки.
Највисоката оценка доби фестивалскиот камп, во кој престојуваа 95 проценти од вкупниот број на странските гости, од 50 држави.
Музичката програма е единствениот аспект кој доби пониска оценка во однос на изминативе години, но тоа главно го изјавуваа љубителите на гитарската музика.
Сепак, 99% од испитаниците, повторно би го посетите Нови Сад и би дошле на Exit!
Може да продолжиме со новиот циклус на дружби, но овојпат без никакви правила, без зацртани форми, заедно ги поставуваме - заедно ги кршиме, спонтани и стварни едни пред други. За што сте гладни?
Во годината кога Црвена јабука одбележува 25 години од своето постоење, дискографскиот гигант Кроација рекордс го објави првото DVD во кариера на бендот
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавување DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ