Прва страница
КолуМММни
МММојот избор
КоМММентар
Балкански вести
Clubbing
Интервјуа
Концерти
ММMp3
МММр3 надежи
АлбуMMMи
Фото-галерија
Видео-галерија
Изведувачи
Топ 7
MMM's workshop
МММ ммс
Линкови
KоМММентари
Архива
iMMMpressum
МММаркетинг
Стар сајт
Контакт
ФоруМММ
E-MMMail листа
Внесете e-mail aдресa зa дa бидете известувани за новостите на МММ.com.mk
Анкета
Што задолжително треба да поседува секоја идна голема ѕвезда?
Совршен вокал
Харизматичност
Убавина
Да ја сака камерата, микрофонот и новинарите
Помина времето на големи ѕвезди
Постари статии
MMMојот избор
Димитар Божиков
МММојот избор
Боби Серафимовски
МММојот избор
Александар Митевски
МММојот избор
Моето второ ЈАС: ДНК
DJ Вани
Јаков Дренковски
Арбен Шаќири
Златко Ориѓански
Александар Белов
Марко Маринковиќ – Слаткаристика
 
 
Bookmark and Share
Интервјуа

Сибо (Баклава)

Битно успеав да ги шокирам луѓето...

Ако пишуваш Дејан Сибиновски, не го ставај тоа Сибо, и обратно. Ме знаат и како Сибо, нема проблем... Ако оди се заедно, малку ми е глупаво, ми звучи како Вера Циривири – Трена, а не се чувствувам така... – ми кажа пред седум-осум години, човекот кој од денешна гледна точка мина трнлив пат, оставајќи забележлива трага на домашната музичка сцена – од ученик кај легендарниот Пеце Атанасовски, преку експерименталниот состав Ајвар до Баклава, која полека го наоѓа своето место под европското етно-небо.

И, навистина, затскриен зад прекарот Сибо, како Еџ од У2, Дејан Сибиновски е еден од ретките музичари од овие простори, кои не се опседнати со својата кариера, туку чесно и скромно ја живеат својата музика.

Денес е јасно - тој има причини за задоволство, бидејќи неговата Баклава стана позната во Македонија, а тука се и успесите надвор од државата. Го начекавме во интересен период – вратен од настапите на бендот во Франција и Нормандија, додека се работи на концептот на материјалот за новиот албум, и подготовките за прв голем концерт пред скопската публика, на отварањето на актуелниот Оф-фест, закажан за 1-ви јуни...

Неодамна се вративте од турнејата по Франција и Нормандија. Какви се импресиите, каде се бевте, пред кого свиревте, како ве прифатија...

Бевме во селекцијата на македонски уметници кои ја претставуваа нашата култура, и практично ја претставувавме македонската култура во француски градови каде најчесто, луѓето не знаеја ни на мапа да не најдат. Голема чест е да бидеш во таква мисија, да запознаваш друг свет и другиот свет да те запознава.

Освен Баклава на оваа широка манифестација досега беа Тони Китановски, Фолтин, Бернајс пропаганда, Есма, Љубојна... Но, покрај музиката да не ги изоставиме имињата од други области како Никола Маџиров, Луан Старова, Милчо Манчевски, Теона Митевска, Жанина Мирчевска, Ѓорче Ставрески, Роберт Јанкулоски и уште многу значајни имиња за македонската култура, кои сеуште треба да патуваат по Нормандија претставувајќи ја секоја нота, слика и збор на Македонија пред францускиот аудиториум.

По повеќето концерти кои ги одржавме во Ка’н, Шербур, Сен Ло, Сен Андре во различни катедрали, домови на култура и концертни сали, исто така беа од големо значење и нашите работилници. Имаше голем интерес за нашата музика и култура воопшто од локалното население. Со големо внимание ги следеа часовите кои најмногу ги водеа Елена Христова и Влатко Мартиновски, претставувајќи ги повеќето нашите стари инструменти, учејќи да свират, да ги изговараат македонските зборови и на крајот да ги играат нашите ора. Во една прилика, на еден од нашите концерти дојде цела група деца која претходниот ден беа на работилница. Успеале да научат една од нашите песни и Елена ги повика да ни бидат хор, и заедно со нив ја испеа. Тоа беше блескав миг. Исто би ја издвоил и нашата презентација во еден пензионерски дом, каде дента една Французинка го прославуваше својот 100-ти роденден со нашата музика. Трогателно беше да се види дека успевавме да им ја олесниме староста.

Се чуствувавме сакани, и едноставно не плени Франција. Едноставно има дух целата земја, живее. Независно што постојано врне и дуваат студени и силни ветрови од океанот, луѓето си го цртаат своето сонце. И умеат да се радуваат.

Секаде каде што патувавме со задоволство ги слушаа нашите песни, не враќаа по неколку пати на бис, и ни докажаа дека е една од најгостољубивите публики пред кои имаме настапувано. Покрај нив сакаме да ја изразиме нашата благодарност до македонските и француските власти што ја овозможија оваа културна идеја, и секако на нашите прекрасни домаќини, особено до семејството Травер.



Колку патувањето беше полезно и од страна на контакти за понатаму. Има ли заинтересирани за претставување Баклава и во другите делови на Франција...?

Иднината ќе покаже. Рано е да се пофалам, иако самите наши настапи укажуваа на големи шанси да ја посетиме јужна Франција, како и нашата пасија – Париз. Имавме одличен прием од француската публика. Без разлика што тоа се сепак, мали места, нивото на култура е импозантно. Не сакам да звучам како патетичен гастарбајтер што раскажува дека во туѓина постои фриџирејтер. Ама, секако е битно да се сфати дека не би требало да ја имитираме секоја туѓа култура. Само да научиме како да се биде пред се, удобен сам со себе. За да не се претвориме во турбо-фолк патња. Тоа не значи да заглавиме пак, во друга крајност, што припаѓа на времето на Фон Бизмарк. Франција беше прекрасно искуство и одлична школа.

Имам чувство дека во последно време Баклава оствари низа интересни патувања низ Европа. Од каде се најубавите впечатоци?
 
Секогаш последните свирки ни се најубави. Во случајов Нормандија. Меѓутоа, тоа е поради моменталната импресија. Ние не ја разликуваме нашата публика и сите свирки ни се драги. Не ни се случил дебакл, фала Богу, и секогаш сме многу убаво прифатени. Каде и да сме. Убаво си поминувавме и во Делчево, и во Антверпен, и во Рим, и во Струмица, и во Сен Ло, Велес, Лајпциг… Колку и излитено да звучи, не можам да издвојам посебно некој настап.

Башка, тоа многу подоцна се доживува кога си музичар. Бидејќи настапот ти е проследен со трема, со нервози од минорни работи, со преувеличување на грешките... А публиката уживала. А ти немаш поим... Често сфаќам дека некој од бендот убаво испеал, отсвирел, дури после неколку дена. Откако ќе сретнам некој од публика да ме потстети.

Зависно од условите, паралелно ќе се обидеме да настапиме и во други земји. Ми се допаѓа да посетувам нови градови, нови земји. Ова е работа што, која што освен филмот, ме исполнува еднакво колку и вљубувањето. Бидејќи аудиториумот веќе не внимава на виртуозноста, туку на енергијата која ја пренесуваш.

Се раѓаат ли на ваквите патувања и можности за соработка со други, слични состави, и има ли на повидок нешто конкретно. Вокалистката Елена, изминативе години оствари низа успешни соработки?

Како не, секогаш. И најситниот настап раѓа нов. Затоа е паметно секаде да се настапува. Поради интимна свирка во едно кафуле, нас ни се случи Франција. Поради мал настап во МКЦ, нас ни се случи албум, а потоа и Белгија. Ако замавне пеперутката со крило, од Јапонија, во Америка ќе има бура. Така научивме дека, ама баш секој настап, мора да ни биде со ист интензитет. Музиката е магија, и не е паметно да се потценува судбината.

Елена исто имаше доста плодна година, за што лично, многу се радувам. Добро, рака на срце, одамна ги здобива контактите патувајќи по светот со години, ама токму овие месеци конечно почна да се склопува мозаикот. Ја забележаа многу битни музички имиња од повеќе страни на светот, и тоа се повеќе се интензивира. Таа е прекрасен човек, и нејзиниот талент е голем колку и нејзиното срце. Голем борец е, па затоа и издржа доста неповолности додека не стигна до ова ниво. Во моментов е специјален гостин на концертите на турските Баба Зула, има и свои настапи, има соработки со доста светски имиња... Штета што е скромна по природа, па не раскажува за своите успеси.

На што од репертоарот странците најдобро реагираат?

Искрено, не ги разликуваат традиционалните од авторските нумери. Пред се, затоа што дошле на концерт, и не се трудат да дојдат со предрасуди. Или им се допаѓа или не. Ако добро сум забележал, реагираат како да го знаат значењето на текстот. На брзи нумери се забавуваат, но сепак се поемотивни на бавни песни. И го почитуваат минималистичкиот концепт. Колку е почиста песната од аранжмани и инструменти, толку се повеќе трогнати. Тоа е нашиот рецепт, кој е тешко да се украде, па макар свиреле и на триангл. Затоа што луѓето ја создаваат музиката, а не музиката нив.

Скопскиот концерт е закажан за први јуни, кога ќе го отворите актуелниот Оф-фест. Баклава како да станаа миленици на организаторот Скопје џез фестивал, кој ги објавија првите две изданија на бендот?

Баш убаво да се биде милениче. Отсекогаш сум сакал да бидам кокер шпаниел. Џо Кокер многу се напнува кога пее, и многу ми е здодевен. А, да, миленици. Сериозно, мене не ми се чини така. Бидејќи повеќето бендови кои биле под овој лејбел имаат најмалку по две изданија. На некои од нив СЏФ им беа менаџери, повеќето настапуваа и на Џез фестивал и на Оф-фест... Ишала, да бевме толку згрижени. Конечно ќе се чувствував како ѕвезда, и ќе патувавме многу повеќе. Плус немаше да се малтретираме сами да си ги наоѓаме контактите. Мислам дека, сепак, сме само дел од приказната на овој фестивал, ништо повеќе. Тоа се должи и на нашата долгогодишна соработка, и на моменталната замисла, и на нашата работа. Ништо не е случајно, ниту подарено. СЏФ е ретко фер продукција, и ние сме ОК луѓе. Тоа е се. Како и да е, пекинезери или не - благодарни сме на оваа чест.



Што убаво подготвивте за средба со скопјаните, и дали летово ќе ве видат и обожавателите од остатокот на Македонија?

Во принцип, се засновавме како бенд кој претпочита минимализам. Затоа е и тешко да се очекува спектакл. Не држам диета и не сум си одбрал салон за кварцање. Тоа е сепак уште еден концерт и без разлика на големината на фестивалот – ние ќе свириме исто. Исто како и пред тројца и пред триста илјади. Можеби немаме посебен сценски настап или циркус за разонода – меѓутоа немаме што да криеме. Свириме на акустични инструменти, на два-три, сме со само еден вокал, без никаков бекап. Без план Бе. Што е – тука е. Но, според мене тука и лежи магијата.

Бидејќи Елена истиот ден долетува од германска турнеја, можеби нема да имаме време за една заедничка проба, за да можеме да ја видиме во дует со Ајнур. Но, се е можно, со оглед на тоа дека Елена е голем професионалец, но и одлично ја познава турската музика и јазик. Да не ветуваме бадијала, единствено е извесно дека ќе се потрудиме да бидеме на исто рамниште како и турската ѕвезда. Ќе биде убаво...

Што се однесува до останатите македонски градови – минатото лето речиси сите ги поминавме. Ако се пројави интерес – зошто да не. Но, сепак имаме и доста закажани обврски, така што не знам дали ќе имаме шанса набргу пак да се видиме со нашата публика.

Кога сме кај СЏФ, верувам дека Белопета ќе застане и зад вашиот следен проект. Но, какви се вашите видувања од заедничката соработка? Успева ли Белопета добро да ве испромовира, да ве продаде...?

Нашата соработка е одлична. Со оглед дека СЏФ е само издавач на нашите албуми, не и менаџер, многу повеќе имаат направено отколку што очекувавме. Поради еден настап во нивна организација, успеавме да не забележат водечките луѓе од престижниот белгиски фестивал. Белопета е редок џентлмен од стариот ков. Ако вети – ќе исполни. И не се плаши да те одбие, ако смета дека нема да може тоа да го направи. Не сме домашни пријатели, и немам интерес ниту да го фалам, ни озборувам. Кажувам тоа што го гледам.

Факт е дека е за респект тоа што го прави воопшто за музиката кај нас, и не гледам дека има интерес за продажба. Едноставно сака секоја подобра музика создадена тука, да ја спакува, и се надева дека и светот ќе го види тоа, што во тој момент го гледаат само тој и изведувачот. Сепак, не значи дека сигурно ќе ни биде издавач на следниот албум, без разлика што сметам дека е престиж во земјава да имаш издание со лого на СЏФ. Прво да скокнам, па да кажам – оп.

До каде е подготовка на новиот материјал? И колку истиот ќе биде сличен/ различен со дебито на Баклава, но и од следното цеде Калемар?

На есен планираме да го создаваме третиот албум, но и реализација на нов спот. Планирам да отворам и шлеп-служба, клуб за ботање и расадник за марула, па затоа поарно да не се фалам пред време. Секако ќе имаме албуми. Имаме доста идеи и песни, но тие нема да ги опишуваме дур не ги снимиме. Музиката е да се слуша, не да се објаснува. Фала Богу, не бркаме топ-листи, издадовме два албуми, неколку спота, и сеуште се промовираме по светот. Колку и да не е доволно тоа, сепак сме задоволни. Покрај крајната награда – аплаузот, видовме и многу мака.

Сами организиравме концерт, сами снимавме спотови, два пати менувавме постава - што сериозно го загрози бендот, често ни страда креативноста заради занимавање со менаџерство - ама тоа е животот. Не сме само ние, и останатите колеги го живеат истото. Затоа треба да се знае дека музичарот не е штурец во однос на останатите мравки.

Бидејќи Калемар изобилуваше со теми кои авторски ги осмисливте ти и пејачката Елена Христова, дали тандемот и во изминатиот период бил инспириран за нова музика, или ќе бидат во поголема мера застапени и другите автори?

Секако сме, на некој начин, суеверни, па затоа и не би сакале пред време да се фалиме. Плус, за разлика од останатите од групата, јас лично сум и параноичен, и сметам дека секогаш постојат плагијатори, па и љубоморни сеирџии. Поарно да го издадеме, па после нека прават што сакаат. Верувам дека сме креативни и богати, така што, најверојатно нема да се врзуваме за конкретен план и рок.

Кога ќе го склопиме албумот, ќе се играме најди го спонзорот, и после тоа ќе видиме дали тоа што сме го направиле му се допаѓа на народот.
Секој од нас живее сосема различно темпо, така што и инспирациите ни се поинакви. Немаме рамковен план, проценти и стратегија. Најверојатно, најголемиот дел композиции пак ќе бидат на Елена, па Влатко, па се надевам дека можеби и Гого, новиот член, ќе има некоја негова идеја. Бидејќи сметам дека е доста креативен.

Тука се и нашите драги пријатели кои ни гостуваа на последниот албум. Од џгурата идеи е битно да се вклопат песните една со друга, за да албумот биде целина. Секако е битно да е убав албумот, нели? Кога и да излезе, веќе не се плашам. Се додека проблемите се околу финансии и менаџмент – ми е гајле.

Каде во иднина ја гледаш Баклава на мапата на светската ворлд мјузик сцена? Во која насока би можел да се движи звукот на бендот, каде би требало да еволуира...? Кон што стремиш...?

Тешко прашање... Бара визионерски одговор, кој носи специфична тежина. Нема да се смени концептот на акустичност, на живи инструменти. Верувам дека и минималистичкиот концепт сега ни е уште поголем предизвик. Секогаш е полесно да нагнетеш цел оркестар за да покриеш одредени слабости. Овој пат би требало да има предизвик во ритмиката повеќе, а тоа значи и во динамика, живост. Ама со усул. Не сакам да се претвориме во оркестар за свадби и погреби. Исто така, ќе се обидеме пак да преработиме некоја традиционална песна, иако имаме многу авторски што би требало да ги оствариме.

Ќе се обидеме да го следиме буквално терминот ворлд мјузик. Да те разбере светот. А тоа значи да можеш да имплементираш различни култури или фолклор, текст на друг јазик... А од сето тоа да не испадне ѓурултија. Тоа е игра на нерви. Не смееш да бидеш скромен, не смееш да бидеш лаком. Музиката е зезната госпоѓа.

Со тек на време, музика за филм. Тоа ни е најпривлечно за сега. Би сакал Баклава да потрае долго. Има уште многу места што треба да ги посетиме, каде ќе не прашуваат за што се пее во таа песна...

Има ли колегијалност на домашната музичка сцена, во делот на изведувачите кои ја третираат традиционалната музика? Се дружите ли вие од Баклава со членовите на Синтезис, Љубојна, Монистра, Чалгија саунд систем...

До кога ли ќе се влече оваа бакалџиска теорија на сценска конкуренција, која е достојна само да ја живеаат припадници на турбо-фолк племето и некои раперски гета. Просто човек не знае дали да притрча да се задружака со рандом изведувач на народни песни и ора, или пак маалџиски да грицка сончоглед и да го реализира вицот со човекот што носел табла јајца.

Па на списоков, многу малку од нив и ги познавам, а ако одиме по линија на репродуктива на македонската традиционална музика, би сакал да го проширам списокот. Колони Волвокс, Митан проџект, Стевче Стојковски, Леб и сол, Тавитијановци, Кирил, Ламбе, мамбе па ете и Фолтин или Паркети. Практично секој што се инспирирал да преработи некоја народна песна. Иако, сметам дека не е логично, да се прави етно-сцена врз база на тоа, дека некој повеќе љуби да се облекува во носија отколку во костум или кожна јакна.

Инаку, го погоди мизантропот од овој бенд. Останатите членови на Баклава се доста подружељубиви од мене, и со по некој од луѓето од овие бендови и си го имаат муабетот. Лично, сметам дека во принцип нема колегијалност, со чест на исклучоците. Во музиката може само да се биде колега, само по основа дека ете, некој знае да свири исто како и ти. Ама да се ставаат  музичари во ист кош е беспредметно да се расправа. Не се дружам со приоритет во познавање или непознавање на музика.

Се дружам со тој што му се дружи со мене. И јас имам редовен секс, како и сите граѓани на Република Македонија – како што кажа еднаш прекрасниот Амди Бајрам во една уште попрекрасна ТВ-емисија.



На кого од колегите им симнуваш капа? Чие мислење особено цениш и почитуваш, со кого се консултираш кога имаш дилеми за музиката?

 
Капата и дилемата во овој случај, за мене се различни работи. Дилема ретко имам, и најчесто се консултирам со Баклавите, особено со Елена, што ја почитувам како вокал и композитор. Најпосле, не би знаел да пишувам без нејзе. Бидејќи за сега, единствената музика која ја работам е во Баклава.

Секако се воодушевувам и на добри и на лоши појави. Различни по концепт и талент, секако. Оваа шлајка на светот има дадено многу повеќе таленти отколку што процентуално се очекува. Сабит Тахири, Гоце Стефковски, Ваљон Адеми, Горан Трајковски, Оливер Димитров, Тони Пецанов, Александар Николовски, Газменд Бериша, Вељанов, Филип и Даци Јаневски, Петрит Сарачини, Предраг Икономовски, Оливер Јосифовски, Џијан Емин, Владан Дробницки, Идриз Амети, Киселички, Ристо Солунчев, Гиш, Кили Поп-Христов, Ана Костовска, Стефче Стојковски, Никола Николов, Огнен Анастасовски, Пеце Христов, Пејовски, Џенгис Ибраим, Дејан Теодосиевски, Васко Атанасовски, Ерхан Шукри, Трајче Ристов, Бејков, Ненад Неделков, Драган Стојковски, Спасе пекарот, Чичолина фина, Исправи се делфина... Нормално ги сакам само нивните таленти, иако со повеќето од овие имиња не значи дека би се дружел, а Боже пази, па да ги прашам за совет.

Фасциниран сум и од ѓилкошот Бреговиќ, кој успеа да ги прослави нашиве простори до тој степен, што секогаш сум приморан во странство да се правдам, дека немам баш врска со неговиот здодевен и плиток плагијат. Исто и се воодушевувам на Северина дека заработува повеќе од Би Би Кинг, и тоа само од едно Куманово...

Колку, по одредена дистанца, ти недостасува концептот на твојот експериментален состав Ајвар, и како денес гледаш на тој дел од својата кариера, кога совршено се зезаше?

Не ми недостасува, затоа што никогаш не сум го ни прекинал овој, за мене сериозен музички пристап. Само едноставно, немам доволно време и енергија да ги терам паралелно работите. Здравје... Ќе се обидам штом Баклава ја видам на повисоко ниво, да направам реиздание или ново издание на Ајвар. Само што, проблем ми е што малку се разочарав дека луѓето се желни за исмевање. Не дека тоа ми пречи – самиот се исмевав, најпосле. Туку – само тоа ли е интересно? Да се биде палјачо? Изгледа е. Но, битно успеав да ги шокирам луѓето, и тоа ќе го правам секогаш кога ќе можам. Само она што најмногу го посакуваш, и она од кое најмногу се плашиш – ќе те снајде. Нема средина.

Велат дека сите луѓе на овој свет се пратени со одредена цел, за одредена мисија. Се најде ли Сибо комплетно во својата мисија?

Исто ко да прашуваш стар ерген кога ќе се жени. Верувам дека сите имаме своја мисија, ама мене ми е доста да имам радио-емисија. Секој учи како да биде среќен и со малку, иако животот не учи дека од скромноста нема аир. Во таа контрадикторност е важно да си го најдеме своето вистинско место. Да научиме дека во минатиот живот не може сите да сме биле Цезар и Клеопатра. Некој од нас морал да биде Трајче. И тоа повеќето од нас!

Мојата мисија сеуште не знам која е, бидејќи не се занесувам. Не затоа што сум зракопрц или немам респект, туку затоа што сум приземен. Она што знам дека упорно го правам е дека – живеам. Не од инает, не затоа што така треба, туку дека Господ веќе ни ја одредил нашата мисија. И мисијата ќе биде исполнета, сакал или не... Каква и да е.

Иван Беќковиќ
Теа модерна



Датум: 30.05.2010.


Ваш коментар
Сите полиња се задолжителни!
Од:
Коментар: 
Внесете код: ASP CAPTCHA Generator



edno devojce --- 01.06.2010 01:21:08
PRV golem koncert? a toj vo univerzalna na 1vi mart, sto bese? MINI koncert?
vatrena --- 31.05.2010 08:55:47
sibo te sakaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaam!!!! ajde neka bide sto pobrzo koncertot!!!

Фото-галерија

Мартин Србиноски

MMМusic player

Texte alternatif


ПрепорачуваМММе
МММојот избор
Гостин во рубриката МММојот избор оваа недела е Панчо, или DJ Шорти, најмногу познат како половина од познатиот дует ДНК. Неговиот избор, и неговите коментари се всушност она по што последниве години е познат
Ева: Приказни од рајот (8)
Може да продолжиме со новиот циклус на дружби, но овојпат без никакви правила, без зацртани форми, заедно ги поставуваме - заедно ги кршиме, спонтани и стварни едни пред други. За што сте гладни?
Нови албуМММи

МММp3-ка на неделата
СиМММни сега - Free!!!
Видео

Калиопи - Не сум како ти

Ф.И.С.Т. - Да ве чујам сега јако

Next Time - Убава

Тони Зен - Okey

Балкански вести
По долга пауза
Со наслов То што видиш, то и јесте, на музичкиот пазар во Србија конечно се најде новиот албум на култниот рок-состав Електрични оргазам
Конечно!
Десетте песни чиј автор е фронтменот на Галија - Ненад Милосављевиќ (текстовите се на неговиот брат Предраг), се изборија за својот влез на албумот Место поред прозора
Најава за нов албум
Единствен проблем, заради кој може да дојде до поместување на термините, е постојана ангажираност на Бајага & Инструктори
25 спота на едно место
Радост за фановите
Хит во Босна
По повеќе од 20 години
Интернационален проект во формирање
Анкета
Петок, на пладне
Ексклузивно
 

Најнови МММp3

 Заборави се
 Ѓорѓи Крстевски
 ОХРИД ФЕСТ 2010
 Црвено сонце
 Магдалена и Врчак
 Осамен
 Кико
 Да ве чујам сега јако
 F.I.S.T.
 100% funkyhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Александар Митевски rmx
 Не ми глуми невинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Дарко Иливески
 Полна месечинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 DJ Вани

 Вљубен сумhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Мартин Србиновски

 Тој што нема гревhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
 Биба Додева
 

Настани
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Средства без цел, знаење без цена
На 7-ми и 8-ми септември
Постари вести
Ексклузивно!!!
Омилената дестинација на скопјаните
Ново видео
Охрид-фест 2010, финале
Во скопската населба Аеродром
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Деби албум
Охрид-фест 2010
Културното лето Карпош 2010
На Детската улица во Ново Лисиче
Ексклузивно!!!
Достапно на YouTube
Поп-вечер на Охрид-фест 2010
Copyright©2003-2010 by Equinox СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ