Баклава - еден од водечките домашни етно-состави, вчера во мезе-барот Сопотско го промовираше новиот албум насловен Калемар. По нивното деби издание снимено во живо, можеме да кажеме дека вториот албум, т.е. новата Баклава е уште послатка од старата:)
Новиот албум содржи 14 композиции од кои повеќето се авторски, со музика и текстови од членови на групата, додека три се традицонални песни.
Списокот на песните изгледа вака: Твојте очи Лено, Змеј Горјанин, Глас, Ден, Душа, Пилето, Облаче, Псалм, Чекор, Севда, Јаворе, Ѕвезда спуштена, Извор и Ој девојче.
Задоволни сме од првиот албум, со оглед дека тој беше концертен. Ова е прв наш студиски албум. Го нарековме Калемар заради калемењето на новата музика со старата традицонална македонска песна - рече вокалистката на бендот Елена Христова.
По повод излегувањето на албумот, таа најави и промотивен концерт на групата во текот на ноември во Скопје, по што ќе следат концерти во градовите низ Македонија.
Песните од новото чедо на Баклава се снимени во студиото Кларион, а издавач е Скопје џез фестивал. Освен вокалистката Христова, членови на оваа извонредна македонска група се и Дејан Сибиновски кој свири на деф и Никола Николов и Владимир Мартиновски, кои музицираат на тамбура.
На вчерашната промоција на Баклава присуствуваа многу нивни пријатели, колеги, како и претставници на медиумите, а цедето можеше да се купи по дисконтната цена од 300 денари.
Диџеј Вани (Манев) моментално подготвува инструментален албум во Македонија, со кој повторно ќе замине на Островот, каде го чекаат низа договори и можност за чекор напред
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавубање DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ
Посетителите на годинешниот Exit фестивал во Нови Сад, севкупната организација на фестивалот ја оценија со 4,1, што претставува ниво на повеќегодишниот просек
Парни ваљак, еден од најголемите екс-ЈУ состави, по повеќе од 20 години ќе настапи во Белград. Концертот е закажан за 16-ти октомври 2010-та во Белградска Арена