Оваа сабота (13-ти март) клубот Колосеум го носи еден од најпознатите светски DJ-и, човекот кој го издигна најкултниот електронски состав Underworld и сопственик на една од најдобрите издавачки куќи за денс музика Underwater Records - Darren Emerson.
Својата кариера ја започнал уште на 14 годишна возраст кога почнал да микса хип- хоп песни, а веќе на 16 бил редовен DJ во месните клубови. Со Underworld го направија големиот хит Born Sleepy кој беше саундтрак на филмот Transporting. Emerson беше вклучен и во ремикс изданија на интернационални изведувачи меѓу кои се The Chemical Brothers и Bjork. Неговата соло-кариера како DJ и ремиксер му носи многу успеси и свои вечери на Ibiza.
Забавата со Darren Emerson во Колосеум ќе започне на полноќ, а влезници во претпродажба по промотивна цена од 250 денари можете да набавите во Југотон.
Диџеј Вани (Манев) моментално подготвува инструментален албум во Македонија, со кој повторно ќе замине на Островот, каде го чекаат низа договори и можност за чекор напред
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавубање DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ
Посетителите на годинешниот Exit фестивал во Нови Сад, севкупната организација на фестивалот ја оценија со 4,1, што претставува ниво на повеќегодишниот просек
Парни ваљак, еден од најголемите екс-ЈУ состави, по повеќе од 20 години ќе настапи во Белград. Концертот е закажан за 16-ти октомври 2010-та во Белградска Арена