На реномираниот џез-фестивал Нишвил, кој по 27-ми пат се одржува во српскиот град Ниш од 12-ти до 15-ти август 2010-та, за сабота, 14-ти (на Gate Stage-от), е најавено гостувањето на македонскиот состав Sethstat.
Претходно веќе објавивме дека и нашиот супер-гитарист Владимир Четкар ќе настапи на овој фестивал. Неговиот концерт е закажан за последниот фестивалски ден – 15-ти август, на главната сцена - Earth&Sky Stage.
На фестивалот меѓу другите ќе настапат и: Рамбо Амадеус, Solomon Burke, Зденка Ковачичек бенд, Врело...
Може да продолжиме со новиот циклус на дружби, но овојпат без никакви правила, без зацртани форми, заедно ги поставуваме - заедно ги кршиме, спонтани и стварни едни пред други. За што сте гладни?
Во првото интервју за Теа модерна, откако е член на Леб и сол, Божиков зборува за новиот албум на бендот, кој е во фаза на подготовка, тапанарот Михаил Парушев, кој внесе нова енергија во бендот, својата соло-кариера...
Одбрав само пет од повеќето мои омилени песни. Некои од нив можеби немаат најдобар видео-запис, но како песни се прекрасни... – вели за МММ Влатко Лозаноски
Во годината кога Црвена јабука одбележува 25 години од своето постоење, дискографскиот гигант Кроација рекордс го објави првото DVD во кариера на бендот
Најновиот хит на Нено Муриќ од Босна и Херцеговина го носи насловот Пустиња, а зад истиот застанаа македонските автори Борче Димитров од Рафинерија (музика) и Орце Зафировски (текст)
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавување DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ