Од тимот на Ѓоко Танески не известија за неговите актуелни предевровизиски подготовки. Овој викенд тој заедно со дел од својот тим, патува за Сараево. Таму Ѓоко ќе биде гостин во ТВ-шоу на националната босанска телевизија, која во недела (14-ти март) во 21 часот, директно ќе се емитува, а на која Босна и Херцеговина и нивниот евровизиски претставник Вукашин Брајиќ ќе ја промовираат песната со која тој ќе настапи во Осло.
Во студиото, Ѓоко ќе биде заедно со евровозиските претставници на: Србија, Хрватска, Полска и Ирска, како и со минатогодишниот победник на Евросонг, Александар Рибак...
Диџеј Вани (Манев) моментално подготвува инструментален албум во Македонија, со кој повторно ќе замине на Островот, каде го чекаат низа договори и можност за чекор напред
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавубање DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ
Посетителите на годинешниот Exit фестивал во Нови Сад, севкупната организација на фестивалот ја оценија со 4,1, што претставува ниво на повеќегодишниот просек
Парни ваљак, еден од најголемите екс-ЈУ состави, по повеќе од 20 години ќе настапи во Белград. Концертот е закажан за 16-ти октомври 2010-та во Белградска Арена