23. декември 2009.
Гласајте за Беј д фиш!
Изминатата сабота во концептуалната продавница Лудус во Скопје, Беј д фиш го промовираа својот нов видео запис за вториот сингл True Story, од актуелниот двоен албум Time to Make Things Right. На необичен начин со проекција на спотот на излогот од продавницата и бесплатен концерт кој се одржа исто така во излогот, Беј д фиш во снежна атмосфера покажаа една поинаква промоција.
True story е веќе поставен он лајн и за два дена има над 1000 гледања и многу позитивни коментари на социјалните мрежи Jу тјуб, Фејсбук, Мајспејс...

Спотот го работеше младиот македонски визуелен уметник Ѓeoрѓи M. Унковски во стоп моушн анимирана форма. Продуциран е во Соединетите Американски држави каде што Унковски студира фотографија на реномираниот Универзитет за визуелни уметности во Рочестер.
На читаниот хрватски интернет портал за култура Терапија (Terapija.net) во традиционалниот годишен избор за најдобри албумски, концертни, филмски остварувања, македонскиот состав Беј д фиш за оваа 2009. година доби две номинации, и тоа за најдобар регионален албум, номиниран е Time to Make Things Right (ПМГ Рек, Круг прод) и за најдобар регионален сингл, номинирана е нумерата Livin’ in a Box.
Секој посетител на сајтот може да гласа, затоа Гласајте за Беј д фиш!!!
|