Хип-хоперот Оли ака Скип, потпиша двегодишен менаџерски договор за Синди. Оли и е познат на публиката како underground артист, и важи за еден од поновите квалитетни хип-хоп и R&B изведувачи на македонската естрада.
Како менаџер кој работи на кариерата на Оли, можам да потврдам дека во подготовка е почнувањето на работата на неговиот соло-албум, и влез во една од познатите продуценско/издачките куќи во Македонија – вели Синди за МММ, и додава:
При крај е еден дел од проектот, кој се состои од неколку поуникатни, за разлика од досегашните комерцијални хип-хоп и R&B песни кои се вртат по етерот, од кои дел се во соработка со познати артисти од нашата естрада.
Во сабота, 13. март 2010-та ќе се одржи првата промоција на еден од новите синглови на Оли - Скип, на отварањето на кафе-барот Ретро, на улица Водњанска, до пицерија Галија, а наскоро се очекува и видео-запис за истиот сингл.
Влезот е бесплатен а на забавата која почнува во 21 часот ќе присуствуваат повеќето естрадни магазини, познати фаци, како и неговиот менаџерски тим на чело со Синди.
Затоа, бидете таму!
Ваш коментар
hahah --- 21.03.2010 00:59:44
hahaha detevo kaj zalutalo....a sindi so e eden uspesen pa toj da e менаџер hahah zagreota se
tanja --- 13.03.2010 14:55:42
samo napred oli :)
Dzollly --- 12.03.2010 20:41:02
Brao Brate :)
Gianni --- 12.03.2010 20:40:37
Браво! Честитки!!! Посакувам успешна промоција и апсолутен хит <3
Диџеј Вани (Манев) моментално подготвува инструментален албум во Македонија, со кој повторно ќе замине на Островот, каде го чекаат низа договори и можност за чекор напред
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавубање DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ
Посетителите на годинешниот Exit фестивал во Нови Сад, севкупната организација на фестивалот ја оценија со 4,1, што претставува ниво на повеќегодишниот просек
Парни ваљак, еден од најголемите екс-ЈУ состави, по повеќе од 20 години ќе настапи во Белград. Концертот е закажан за 16-ти октомври 2010-та во Белградска Арена